РАБОТИЛНИЦИ НА СЗО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И ПРОФЕСИЈАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Почитувани членови ве известуваме дека Светската здравствена организација во текот на оваа недела, започнувајќи од 26ти јуни па се до 29ти јуни, одржа работилници на тема „Зајакнување на образованието и професијата на медицинските сестри во Р. С. Македонија“.



Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ по покана на СЗО беше дел од овие настани и даде свој придонес при формирањето на стратегии и цели за трансформација на сестринската професија во нашата земја.



Настанот беше воден од страна на д-р Мери Бојд, декан на факултетот за сестринство и акушерство при Кралскиот колеџ за хирурзи на Ирска; Маргриета Лангинс и Рос Брајан, советници за политки за сестринство и акушерство при СЗО Европа и Дејан Добершек, претседател на професионалната групација на медицински сестри на раководни позиции и главен медицински техничар на Клиниката за неврологија при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, Словенија.





Пребарување

Категории

Актуелно

ЈУБИЛЕЈ: Пет конгреси, девет години „ЗА НАС“ !
25.9.2026
Од самиот почеток, идејата беше да се создаде простор во кој сестринството ќе биде поврзано, професионално организирано и постојано насочено кон знаење, едукација и развој.Во истата година беше формирана и Унијата на ЗМСТАС на Македонија, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.
Види детали

Тагови

Архива на вести