ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ MEЃУНАРОДЕН КОНГРЕС

Почитувани членови и соработници, Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ве повикува да бидете дел од ВТОРИОТ КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО на тема: „ЗДРАВСТВЕНАТА НЕГА – НАУЧНА ДИСЦИПЛИНА“.

Вториот Конгрес на медицинските сестри за прв пат се организира под закрилата на ЗМСТАС „ЗА НАС“ како рамноправна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС) и истиот ќе се одржи во периодот од 13ти до 15ти октомври 2023 година, во хотел Дрим - Струга, С. Македонија. 

Конгресот во форма на округли маси, плeнарни предавања и стручни соопштенија ќе го прикаже значењето на тимската работа и пристапувањето кон било кој проблем, како и имплементацијата на новите достигнувања и унапредени вештини, со преглед на сите проблеми и околности кои сме ги надминале за унапредување на нашата работа.

Со стручните теми, едукации и активности ќе се стремиме преку размена на искуствата 
во теорија и пракса да го подобриме квалитетот на здравствена нега.

 
***

За да учествувате со тема на Конгресот, потребно е да ни испратите апстракт од истата до 250 зборови на нашата електронска адреса (aplikacija@zanas.mk) заедно со уредно пополнетата Апликација (кликнете), најдоцна до 20ти јуни 2023 година.


 

ВАЖНИ ДАТУМИ:

20. 07. 2023

Краен рок за поднесување на Апстракт

30. 07. 2023
Известување за прифатена тема

01 - 08. 08. 2023
Второ читање

01 - 08. 09. 2023
Објава на Програмата на Конгресот

 
 


ПОНУДА ЗА СМЕСТУВАЊЕ


Пристигнувањето и регистрацијата за Конгресот ќе се одвива од 15 до 17 часот на 13ти октомври во хотелот „Дрим“.

Почетокот на отворањето на конгресот ќе започне во 18 часот, а при регистрацијата ќе добиете пакет материјали за конгресот, како и ваучер за свечената вечера.

Условите во Хотел „Дрим“ се следниве:
- 2 ноќевања полу-пансион (појадок и вечера), котизација, свечена вечера, материјали и
два кафе паузи со закуска – 150 € во денарска против вредност уплатени во хотелот.
- 1 ноќевање полупансион (појадок и вечера) котизација, свечена вечера, материјали и два
кафе паузи со закуска – 100 € во денарска против вредност уплатени во хотелот.
- Котизација, две кафе паузи со закуска и свечена вечера – 4000 денари уплатени директно на сметката на ЗМСТАС ЗА НАС Депонент: Шпаркасе Банка, Сметка: 250010301995109, или при самото пристигнување за регистрација. За оние кои ќе уплатат на сметката на здружението, ќе е потребно да ја приложат уплатницата при регистрацијата.

Резервациите треба да ги направите во директен контакт од хотелот „Дрим“:
Е-мејл адреса: - sales@drim.com.mk
Телефон: Климент (070347269) и Ана (072274730)

За сите резервации направени до 15-ти јули добивате 5% попуст. 
За повеќе информации, контактирајте нѐ во секое време на мејл (kontakt@zanas.mk), 
или на Вибер на 070-406-927.



Со почит,
ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР НА ВТОР КОНГРЕС
НА ЗМСТАС - ЗА НАС

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести