ПРОМОЦИЈА НА „НЕПРЕДВИДЛИВИОТ ПРОТИВНИК“ ВО СКЛОП НА НЕДЕЛАТА НА СЕСТРИНСТВОТО

„Медицинската сестра како професија е најблагодарната професија, пожртвувана, храбра, доверлива, со голем извор на знаење. Таа е клучот на здравјето, најважната алка во еден огромен систем што се нарекува здравство и нејзината вредност треба да се сфати  навистина сериозно!“ - вака го започнува разговорот сестра Снеже Бегоска, дипломирана медицинска сестра со десет години работно искуство во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје.

Таа беше во првите борбени редови за време на пандемијата предизвикана од ковид вирусот и поттикната од храброста и хуманоста која ја краси оваа професија реши да издаде дело во кое го опишува токму тој период.

„Во делото „Непредвидливиот Противник“ посведочена е вистината што се случуваше за време на Ковид Пандемијата за еден непознат и непредвидлив противник кој со огромна брзина се ширеше и подземаше се пред себе. Но, и покрај потресните моменти и случки ние медицинските лица го гледавме излезот на тунелот на стравот, болката и страдањето на луѓето. Го гледавме блесокот на светлината. Гледавме победа!“



Талентот за пишување датира од нејзината најрана возраст, а зад  нејзиното име има запишано неколку дела на проза и поезија, учесник е на голем број настани и нејзините дела се дел од големи енциклопедии на светски писатели. Таа е добитник на голем број награди и дипломи, а меѓу најпознатите стихозбирки се „Тајна“ и „Бојата на љубовта“.

„Искажувам голема благодарност до Унијата и здружението „ЗА НАС“ што ми овозможи оваа промоција да ја направам токму на 12ти мај - Денот на медицинската сестра, бидејќи ова беше вистинскиот начин да се оддаде чест на сестринската професија.“








Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавност и комуникација со медиуми
ЗМСТАС - ЗА НАС