КОНЕЧНО ЧЕКОР НАПРЕД, НО МОРА ДА СЕ СТАВИ И ВО ЗАКОНСКА РАМКА: СТАВЕНИ ВО МИРУВАЊЕ ВОНРЕДНИТЕ ШКОЛУВАЊА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ СТРУКТУРИ

Медицинските сестри и лаборанти повеќе нема вонредно да го завршуваат образованието. Ресорното министерство достави допис за привремено мирување на средните вонредни школувања за здравствените структури:



 

„Овој чекор го баравме многу одамна и бараме да биде ставен во законска рамка со што ќе се реши проблемот на хиперпродукција. Важно е кадарот кој ќе произлезе од овие институции да биде квалификуван, а тоа ќе се постигне само со сериозни образовни програми, бидејќи од курсистичко дошколување пропаѓаат цели здравствени системи.

Унијата веќе е во консултација со останатите меѓународни здруженија од регионот и ќе продолжиме да вршиме притисок за конечно укинување на преквалификацијата на несоодветни струки.“ - изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседателката на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести