ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА СЕСТРИНСТВОТО: ПОСТХУМНИ ПЛАКЕТИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ КОИ ГО ЗАГУБИЈА СВОЈОТ ЖИВОТ РАБОТЕЈЌИ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ во која членуваат над 5000 медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри годинава по петти пат, со голема прослава ја одбележа меѓународната недела на сестринството.



Во знак на единство и сплотеност градскиот парк во Скопје беше исполнет со медицински сестри од цела Македонија, покажувајќи ја уште еднаш репрезентноста на Унијата.

 


ПЕТ ГОДИНИ ЕДИНСТВО И СПЛОТЕНОСТ - ГЛАС ШТО ВОДИ


„Од самото формирање на здружението „ЗА НАС“ и успешната колаборација со останатите здруженија во една Унија медицинските сестри од нашата земја конечно добија глас што води.

Во изминативе пет години успешно беа организирани настани посветени на сестринската професија, конгреси, симпозиуми, работилници, станавме членка на Балканската асоцијација на медицински сестри, го подигавме гласот во секој момент кога беше нарушен угледот на нашите колеги и колешки, и се уште, до ден денес се залагаме и ќе се залагаме да ги добиеме правата кои ги заслужуваме.

Не е лесно, но сите заедно сплотени во Унијата започнавме нешто кое со години не беше направено. Денес за медицинските сестри гласно се зборува и конечно се отвораат вратите за преговори.

Благодарение на сите нас, но и на разбирањето од институциите ќе се избориме да го добиеме ЗАКОНОТ ЗА СЕСТРИНСТВО“ - велат од извршниот одбор на Унијата.




Оваа година одбележувањето на неделата на сестринството започна на 5ти мај, со Меѓународниот ден на акушерките кој симболично беше одбележан во ПЗУ “Плодност“ во Битола. Во меѓувреме голем број на работилници на тема „Унапредување на квалитетот на здравствените услуги“ беа организирани ширум земјата, како и настани посветени на Денот на медицинската сестра.

Централниот голем настан се случи вчера, на 12ти мај - Денот кога е родена Флоренс Најтингел, во градскиот парк во Скопје, на Школка, со почеток од 13 часот.

 

Многу е убаво денес да се биде медицинска сестра. Кога ќе добиете пружена рака не знаете, случајно не сте побарале да ви ја пружат, да знаете дека тоа било од медицинската сестра. Јас денес ви го честитав празникот со една посвета на медицинските сестри каде што кажав дека ако една жена е убава сите ќе ја гледаат, ако е паметна сите ќе ја слушаат и ќе ја почитуваат, ако е добра сите ќе ја сакаат, а ако е сите три – таа е медицинска сестра. Е сега драги колешки сите овие епитети да ги носите не е едноставно. Треба да бидете свесни што ние во нашата професија претставуваме и колкава и каква е нашата мисија, нагласи Бешлиовска.

 

СОПРУГАТА НА ПРЕСТЕДАТЕЛОТ, Д-Р ЕЛИЗАБЕТА ЃОРГИЕВСКА ГИ ОДЛИКУВАШЕ СО ПЛАКЕТИ И ПОСТХУМНИ ПРИЗНАНИЈА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ КОИ ГИ ЗАГУБИЈА СВОИТЕ ЖИВОТИ РАБОТЕЈЌИ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ




Во изминатите години Унијата одликуваше со плакети и признанија над 60 најхумани и најуспешни медицински сестри. Годинава по тешкиот период за целокупниот здравствен систем, Унијата предводена од здружението „ЗА НАС“ одлучи да додели плакети и постхумни признанија за медицинските сестри кои своите животи трагично ги загубија работејќи во ковид центрите.

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Д-р Елизабета Ѓоргиевска со плакета и признание за особен придонес во сестринската професија постхумно ги одликуваше медицинските сестри:


 

„На 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, се сеќаваме на вашите колешки кои ги загубија своите животи во борбата против вирусот. Верни на хуманиот повик до крај – Виолета Кацарска, Дијана Макошевиќ Димоска, Елица Андрееска, Ирена Дојчиноска Милошевска, Нашиде Емини и Мирлинда Алими ги положија своите животи за да спасат други животи“, објави претседателот на државата Стево Пендаровски.

Нивната голема и скапа жртва не обврзува со благодарност да се сеќаваме на нив и да се угледаме на нивната солидарност. Но, и да вложуваме во унапредување на положбата на медицинските сестри во Северна Македонија. Бидејќи само така ќе придонесеме кон подобрување на здравствената заштита на сите граѓани и на целото македонско општество.
 


МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ИЗРАЗИ ДЛАБОКО СОЧУСТВО И ПОЧИТ КОН МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ КОИ БЕА ПОСТХУМНО ОДЛИКУВАНИ

Длабока почит кон шесте медицински сестри кои денеска постухмно беа одликувани, за нивната пожртвуваност, кажа министерот за здравство, Беким Сали на настанот организаран од Унијата на здруженија на медицински сестри по повод Меѓународната недела на сестринство и денес на Меѓународниот ден на медицинската сестра, потенцирајќи дека тие ги загубија животите во ковид пандемијата, вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите и спасување на нивните животи.



 
- Чест ми е што денес заеднички, тука во Градскиот парк го одбележуваме Меѓународниот ден на сестринството. Годинешното мото "Глас што води" уште еднаш ја потенцира нивната важност во здравствениот систем, а искуства, вештини и знаења ни се потребни за заеднички да креираме политики, кои од една страна ќе значат унапредување на статусот на медицинските сестри, а истовремено тоа ќе значи и позадоволни пациенти. Го честитам Меѓународниот ден на медицинските сестри, како и неделата на сестринството, порачувајќи дека преку заемна доверба, почит и работа заеднички можеме значително да го унапредиме статусот на медицинските сестри, зашто тие тоа го заслужуваат - порача министерот Сали на настанот организиран од Унијата на здруженија на медицински сестри во градскиот парк.



Не изостана и честитката од нашиот голем поддржувач и пријател на Унијата, Д-р Ќиро Ивановски кој повторно стави акцент на стоматолошките сестри и неговото залагање за подобрување на образованието на сестринската професија.




Меѓународната недела на сестринството е недела кога покрај ставањето акцент на активностите од изминатата година, потребно е и да се потсетиме на историјатот на сестринството и кому се треба да бидеме заслужни за најхуманата професија.  За таа цел сестра Ирена Нечевска, претседател на здружението „Славјанка Влахчева“ и координатор во Унијата на ЗМСТАС, подготви краток говор во чест на сестрите кои први ги поставуваат стандардите за нега на болниот.

Надоврзувајќи се на оваа тема, и сестра Елизабета Настеска имаше свое излагање, чие „Писмо до Флоренс Најтингел“ беше издадено и страна на Светската здравствена организација.

Чест и задоволство ни беше да ја имаме и поетесата Оливера Станковска, која специјално за оваа пригода ја напиша поемата „Ангели“.

Настанот беше збогатен и со дел од најпопуларните наши естрадни уметници меѓу кои беа: Џина Папас Џокси, Ленче и Горан Кукиќ, Наде Талевска, Елена Андонова, Даниел Данн, Јета Старова и Ермал Мехмети, хорот Вардар и КУД „Мирче Ацев“.





Голема благодарност до:
Магрони (Ладна)
Мак-Дизел ДООЕЛ
Комерцијална Банка
Систина
Тиквеш

Официјален фотограф:
Филип Исаевски

ZANAS.MK | 2022