СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ СО АПСОЛУТНА ПОДДРШКА КОН УНИЈАТА НА ЗМСТАС: “Ќе сториме се што е во наша моќ да ја вратиме програмата за образование на стоматолошките сестри“

Почитувани, во текот на вчерашниот ден, во просториите на Стоматолошкиот факултет се одржа работен состанок на деканот на факултетот, проф. д-р Ќиро Ивановски и Претседателот на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиоска и нејзините соработници како и раководителот на центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет, проф.д-р Кристина Митиќ.

На состанокот се дискутираше за досегашната успешна соработка помеѓу здружението и Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.




Акцентот беше ставен на стоматолошките сестри, нивниот статус и нивната препознаеност во здравствениот систем на нашата држава. Констатирано беше дека овој здравствен кадар е дефицитарен, бидејќи со години во средните медицински училишта нема наставни програми за образување на стоматолошки сестри.
 
Од страна на претседателката г-ѓа Бешлиоска беше поздравена активноста на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје за континуираната едукација на стручните стоматолшки сестри-орални хигенолози, а деканот проф. д-р Ивановски ги подржа активностите кои ги презема здружението ,,За нас”. Беа договорени идните заеднички активности, помеѓу Здружението и Факултетот.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести