ДЕНЕС: ГОЛЕМ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ НА ССМ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ го поддржува ГОЛЕМИОТ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ на ССМ кој ќе се одржи денес.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

Протестот ќе започне пред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Северна Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.
 
ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата, како и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Во наредниот период, во зависност од резултатите од ССМ велат дека ќе повикаат на Генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор. 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести