РЕАКЦИЈА НА УНИЈАТА: ВО ОВОЈ МОМЕНТ НАЈМАЛКУ НИ Е ПОТРЕБНО ДЕГРАДИРАЊЕ И ОМАЛОВАЖУВАЊЕ НА НАШАТА ПРОФЕСИЈА

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ изразува големо незадоволство по повод несоодветните реакции за здравствените работници при одржувањето на протестот против новите мерки за заштита од ковид пандемијата кои стапија во сила од овој понеделник.
 


Медицинските сестри се незаменлива алка во здравствениот систем, најважната конекција помеѓу пациентот и докторот. Заеднички со останатите здравствени работници секогаш го даваме максимумот и се жртвуваме за здравјето на нашите пациенти.

После една цела година борејќи се во првите редови против пандемијата предизвикана од корона вирусот, после многу заразени, но за жал и многу починати медицински сестри, доктори и останат здравствен персонал, сметаме дека е несовесна реакцијата на поединци кои протесниот марш против новите заштитни мерки го искористија за омаловажување и невреднување на трудот на здравствениот работник.

Сестринската професија, која пред се е племенита и хумана, доволно е заборавена од надлежните кои треба да го подигнат вреднувањето на трудот и да овозможат унапредување на кадарот. Во овој момент кога ни е потребна и дополнителна мотивација за истрајност, за да можеме да пружиме максимална грижа и нега на секој пациент, најмалку ни е потребно јавно омаловажување и деградирање на сите нас здравствените работници. – реагираат од извршниот одбор на Унијата.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести