СО ДЕНОТ НА АКУШЕРКИТЕ ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО

Денес се одбележува Денот на акушерките. Тие се важен сегмент од здравствената помош кога се раѓа нов живот. Помагаат на идните мајки за олеснување на породувањето и даваат помош во првите часови и денови по раѓањето на бебето.



5ти мај е Денот на акушерките, но и денот кога започнува одбележувањето на МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО, се до 12ти мај, Денот на медицинската сестра.

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ по петти пат симболично ќе ја одбележи Меѓународната недела на сестринството во нашата земја.




Поради запазување на превентивните мерки во борбата против пандемија предизвикана од корона вирусот извршниот одбор одлучи традиционалната свечена академија и оваа година да ја преформулира во емисија посветена на сестринската професија.

Во чест на претстојната меѓународна недела на сестринството Ве поттикнуваме со свои видеа и фотографии да се придружите на кампањата за гласот што води. Користете хаштаг #НеделаНаСестринствотоЗаНас

Ве покануваме на 12ти мај точно во 12:00 часот да ја проследите емисијата која специјално ја подготвивме за овој настан.




 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА 4. МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ „СО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ВЛИЈАНИЕ – МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ДВИГАТЕЛИ ЗА ПРОМЕНИ!“
04.6.2025
Со голема чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на Четвртиот меѓународен конгрес на медицински сестри кој традиционално ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 година во хотел „Дрим“ во Струга. Годинешното мото на конгресот е „Со образование до влијание. Медицинските сестри – двигатели за промени!“, тема која го отсликува значењето на конт
Види детали

Тагови

Архива на вести