УНИЈАТА ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА

Почитувани членови ве известуваме дека денеска во канцелариите на Хрватската амбасада во нашата земја се оствари средба помеѓу хрватската амбасадорка Нивес Тигањ и претседателката на Унијата на ЗМСТАС сестра Гордана Бешлиовска.

Поводот за средбата беше инициран од страна на Унијата предводена од здружението „За нас“ со цел да се остварат круцијални чекори во соработката со сестринството од Хрватска.

„Побаравме соработка со комората на медицински сестри во Хрватска и разговаравме за имплементација на препораките од СЗО, односно зголемена соработка со министерство за здравство, носење на закон за сестринството, подобрување на едукацијата... и се она што европската унија го налага и го спроведува кога е во прашање нашата професија. Се надеваме дека нашата денешна средба ќе резултира со успех за што дополнително ќе дадеме известување.“ - истакна претседателката на Унијата.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести