УНИЈАТА СО СТАВ: НЕ Е БЕЗБЕДНО УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО МЕДИЦИНСКИТЕ УЧИЛИШТА ДА ПОМАГААТ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ реагираат на последната изјава и предлог – идеја на министерот за здравство Венко Филипче за можно ангажирање на учениците од 4та година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар.

Унијата е со став дека ваквата идеја не е безбедна за учениците и реагираат со цел оваа идеја да не прерасне во одлука:

 

„Сметаме дека во еден ваков период кога се носат мерки за зачувување на здравјето на учениците и се препорачува он-лајн настава со цел да се намали трансмисијата во училишните клупи не е соодветна идеја малолетни ученици и недоусовршен кадар од средномедицинските училишта да биде впуштен директно во најголемите жаришта на оваа пандемија.

Ние, професионалците од сестринската професија сметаме дека ризикот е многу голем. Во една за нас исклучително тешка ситуација со две медицински сестри на 30 пациенти, ангажман на учениците како помош дополнително би ги отежнало работите, пред се ризикот и нивната безбедност, и нашата одговорност за нив кои треба да учат – практицираат, а ние треба да ги менторираме. Учениците ако се заразат можеби ќе поминат асиптоматски, но што е со нивните најблиски?

Ако е ова решение недовршени кадри да не надополнуваат ги имаме четирите високо образовни институции за идните дипломирани медицински сестри кои барем се полнолетни.“
– изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.


ФОТОГРАФИЈА: АБНОРА МЕМЕМТИ

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести