ИНИЦИРАНА ПОВТОРНА СРЕДБА СО ИВЗ: ПОНУДА ЗА ФИНАНСИСКА И МАТЕРИЈАЛНА ПОМОШ ВО КАМПАЊАТА

Почитувани членови, Ве известуваме дека оваа недела претседателката на ЗМСТАС - ЗА НАС - сестра Горданка Бешлиовска и претседателот на ЗМСТАЛ Албанци на РСМ - сестра Наџије Фетаи, во име на Унијата на ЗМСТАС остварија повторна средба со Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Ефенди Фетаху. По минатонеделната средба Реисот иницираше повторен состанок на кој понуди финансиска и материјална помош за медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата.

Донациите ќе бидат остварени во текот на наредната недела за што дополнително ќе ве известиме.

Во продолжение ви ја ре-објавувавме објавата за нашата средба и соработка од официјалната страна на ИВЗ -  bfi.mk:







Сестрите се тивки херои кој вложуваат голем труд во битката со Корона вирусот. - Ова беше пораката која произлезе од средбата во понеделникот со Реисот Реисул Улема Хафз Шаќир еф.Фетаи со Унијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од претседателката Мр.Горданка Бешлиовска, Несрин Мустафа и Илија Милошовски.

,,Вие сте првите кој сте во директен ризик од пандемијата бидејќи сте во првата борбена линија помагајќи им на сите болни од Ковид 19. Ова без сомнение е голем потег и големо дело пред Бога каде што во Куранот се спомнува ,,Бог му помага на својот роб исто како тој му помага на својот брат,, рече Реисот Реисул Улема Хафз Шаќир еф.Фетаи, и исто така со големи пофалби изрази голема поддршка за хероизмот и трудот кој го даваат медицинските сестри во ова глобална пандемија.

Гостите беа благодарни на пофалбите и поддршката од страна на Реисот и му посакаа успех и добра работа во ИВЗ, и истовремено побараа да се во молитвите на сите верници.

На крајот на средбата Реизот Реисул Улема Хафз Шаќир еф.Фетаи изрази благодарност за посветената работа, посакувајќи професионалност во вршењето на работните задачи како и здравје за да можат да ја издржат ова тежина за грижа на болните од корона вирусот, гарантирајќи дека ИВЗ била и ќе биде подготвена да помогне во секој миг на здравствениот сектор и во морален и материјален аспект.

,,Да бидете под заштита на Господ“ беа завршните зборови на Реисот Реисул Улема Хафз Шаќир еф.Фетаи истовремено барајќи од сите вработени од Исламската вероисповед да се молат за медицинските сестри.

Оригиналниот текст може да го прочитате тука.



Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ПРИМАРНА ЗАШТИТА
22.3.2024
Почитувани, ве известуваме дека вчера се одржа Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита на тема: Право време за движење напред: Нови професионални перспективи, во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.
Види детали

Тагови

Архива на вести