УНИЈАТА НА ЗМСТАС ГИ АКТИВИРАШЕ КОМПАНИИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА: ДОНАЦИЈА ЗА ЈЗУ БРЗА ПОМОШ - СКОПЈЕ

Почитувани членови, Ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ја продолжува кампањата за активирање на големите компании во нашата земја за вклучување во борбата против пандемијата.



По пат на финансиска поддршка, лекарства, течности и суплементи општествено одговорните граѓани може најмногу да помогнат на сестринската фела.


Во овој момент, иако сме на почеток на нашата кампања, одзивот е навистина голем и во наредниов период ќе ве известиме за сите активности поврзани со донациите за медицинските сестри.

Денеска ни се приклучи уште една голема компанија „МАГРОНИ ДОО“ од Скопје, која на ЈЗУ Брза помош  - Скопје донираше производи од својот асортиман.

 

Голема благодарност до сите компании кои се приклучуваат во оваа акција.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести