ИНФОРМИРАЈТЕ СÈ: ЛИСТАТА НА ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ Е ДОПОЛНЕТА

Почитувани членови, вистинските и навремени информации значат многу, особено во вакви критични ситуации. Затоа би сакале да ја потенцираме информацијата дека во листата на професионалните болести е воведена точка „Инфективни заболувања предизвикани од коронавирус COVID-19 при превенција, здравствена заштита, домашна посета и други слични активности за кои е докажан ризикот на инфекцијата“ .

Тоа значи дека Фондот за здравствено осигурување исплаќа надоместок за плата (100% од утврдената основица) по основ на професионално заболување над 30 дена за вработени во здравствените установи заболени од корона вирусот.

Како и до сега, врз основа на регулативата од областа на пензиското и инвалидското осигурување, за признавање на професионалните болести, неопходна е експертиза од Институтот за медицина на трудот на РСМ - Скопје за верификација на професионалната болест.

Во овој момент ВАЖНО е сите вие кои сте во процес на лекување од корона вирусот да ги превземете следниве чекори:
- отворете боледување преку вашиот матичен лекар (контактирајте го телефонски);
- вашиот матичен лекар потребно е да ги достави до Фондот следниве документи: ПСР образец, специјалистички извештај со дијагноза потврдена од специјалист за инфективни болести, дополнително потврдена со позитивен микробиолошки ПЦР тест за детекција на Коронавирусот COVID-19 (од лабораторија која има дозвола за изведување на ова тестирање). Медицинските документи вашиот лекар може да ги превземе од системот на “мој термин“.
- вашиот работодавач доставува образец “Пријава за несреќа при работа“, потврда за работното место и изложеност на зараза и образец Н3 “Барање за надоместок на плата за повреда на работа/професионална болест“. Документите скенирани на меил се испраќаат во подрачната служба на Фондот.
- одговорното лице во службата го комплетира предметот и еелктронски го доставува до Институтот за трудова медицина, за да се утврди дали се работи за професионално заболување;
- првостепената лекарска комисија дава мислење за остварување/продолжување на правото на привремена спреченост за работа по основ на професионлано заболување;
- по добиентот мислење на првостепената/второстепената лекарска комисија и целокупната документација, одговорното лице во Фондот, доколку надоместокот на плата е над 30 дена изготвува пресметка за исплата на надоместок за професионално заболување во износ од 100% од утврдената основица, врз основа на која донесува решение.

Пријавувајќи ја вашата состојба во Фондот си овозможувате право на одредени бенефиции во случај на задоцнети последици предизвикани од моменталното заболување.

За сите дополнителни информации Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ ви е на располагање секој работен ден од 08 до 16 часот:
Лице за администрација и комуникација со членови - Елена Кавракова
+389 70 40 69 27
zanas.zmsta@gmail.com


 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ЗАКОН И КОМОРА КОНЕЧНО ВО СТРАТЕШКИТЕ ПРЕДИЗБОРНИ ПРОГРАМИ: СОСТАНОК СО КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ
02.5.2024
Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден бевме дел од состанокот на здравствената комисија на ВМРО, каде имавме можност да ги истакнеме сите наши заложби и за прв пат да добиеме ветување за Закон и Комора.
Види детали

Тагови

Архива на вести