ДОНАЦИИ ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВКЛУЧЕНИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ве известува дека подготвува кампања за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Во текот на денешниот ден во соработка со здружението „Хема“ со кое имаме одлична конекција по потпишувањето на меморандумот за соработка во 2019та година, пристигнаа директни донации до најголемиот ковид центар во нашата земја - ЈЗУ ГОБ „8ми Септeмври“ – Скопје.



Во овој момент би сакале јавно да се заблагодариме на компанијата „Кодинг-Горска“ која донираше 1500 примероци од својот најнов производ “Горска Имуно“ и компанијата „Би-Милк“ која донираше 960 литри сокови од нивниот асортиман.

Се надеваме дека овој пример на големи хумани срца ќе го продолжат и останатите компании во нашата земја со што ќе помогнат за полесно пребродување на кризната состојба во која се наоѓа најголем дел од сестринската професија.

Во текот на наредната недела Унијата ќе ве извести за жиро-сметката и донациските броеви кои ќе бидат отворени во текот на оваа кампања.



Целта е со финансиски средства, лекарства и храна да им се помогне на оние медицински сестри кои во моментов се соочуваат со борба за своето здравје и здравјето на пациентите.

 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми