ДЕН НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

 

​Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ на сите граѓани им го честита 24 Мај, најзначајниот државен празник Св. Кирил и Методиј.
 
Светите браќа Кирил и Методиј биле едни од најучените во Византиската империја кои со своeто големо дело за човештвото, со просветителската мисија се заслужни за културниот развој на словенските народи. Светите браќа во сите мисии успешно ја рашириле писменоста и христијанството помеѓу народите.
 
Кирил со користење на јазикот на македонските словени од Солун ја составил првата словенска азбука (глаголицата), а ги превел и првите книги од грчки на словенски јазик.
 
Мисионерите Кирил и Методиј биле родени во Солун. Нивните родители Лав и Марија биле познато угледно семејство во Византија.
 
Многу цркви во Репбулика Северна Македонија и ширум светот го носат името на Светите браќа Кирил и Методиј.
 
Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми


Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести