12:00 - СВЕЧЕНА ON-LINE АКАДЕМИЈА ПОСВЕТЕНА НА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО



Почитувани членови, ве потсетуваме дека по повод Светскиот ден на медицинската сестра 12ти мај и одбележувањето на Меѓународната недела на сестринството, Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ денеска со почеток од 12 часот ќе ја емитува емисијата посветена на сестринството.
 
„Годинава поради мерките за заштита на јавното здравје не сме во можност да го одбележиме настанот како и секоја година, но затоа во сопствена продукција реализиравме кратка емисија преку која сакаме да ја искажеме нашата почит кон сестринската професија.“ - велат од извршниот одбор на здружението.
 
Покрај стримингот на нашата веб страна zanas.mk eмисијата ќе се емитува и на нашиот официјален YouTube канал и на нашата официјална Facebook страна.
 
Воедно сакаме да искажеме и голема благодарност до сите наши истакнати соработници и членови, уметници и музичари, медиуми, граѓани и претставници на невладиниот сектор кои се вклучија во одбележувањето на Неделата на сестринството со нивни креативни дела и видео честитки.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести