ДА СЕ БИДЕ ПОЗИТИВЕН НА ВИРУСОТ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ТАБУ ТЕМА: ПОДДРШКА ЗА СЕСТРА АНИФЕ ОД ДЕБАР!

„Најлошо од се е да се криете од ова! Впрочем, со криење може сериозно да станете “можен убиец“, “криминалец”, па затоа повикувам луѓето да не се срамат, да кажуваат и со тоа да помогнат за што е можно побрзо закрепнување од оваа модерна чума“ – за ,,Фокус” раскажува Валмир, инаку сопруг на медицинската сестра Анифе Леши од Дебар, со цел да ја пренесе пораката дека да се биде позитивен на вирусот не треба да биде табу тема или пак нешто од кое заболените треба да се срамат и да го кријат.

Вели дека неговата сопруга Анифе е дома, во самоизолација, како и целото семејство. Појаснува дека таа е носител на вирусот, но не е во ризична состојба. Поради тоа, вели дека условите во моментот налагаат таа да остане дома, не смее да излегува надвор, а состојбата многу добро ја сфатиле и нивните две деца.

Целиот текст може да го прочитате тука.




Воедно Ве известуваме дека 
Министерството за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.
 

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица.
Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.








Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести