ДРУШТВОТО НА СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ СО ПРВ СИМПОЗИУМ

Почитувани членови Ве известуваме дека на 05ти април 2019та година во Клиничкиот стоматолошки центар „Св.Пантелејмон“ во Скопје се одржа првиот Симпозиум на стоматолошки сестри на тема: ЕДУКАЦИЈА ЗА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ.
 
Проф. Д-р Ќиро Ивановски, Декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитеот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје
Настанот го отвори деканот на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. Д-р Ќиро Ивановски.
 
 
 
 
Свое излагање имаше и иницијаторот и основачот на ова движење, сестра Горданка Бешлиовска која воедно е и претседател на Унијата на ЗМСТАС односно ЗМСАТС -ЗА НАС:
„Стоматолошките сестри конечно го добија својот глас во сестринската фела. За прв пат се препознаени како посебна гранка во нашето здружение, а сега и со формирањето на првото друштво на стоматолошки сестри ќе имаат можност да ги зајакнат колегијалните односи и да ги унапредат своите едукации.“
 
Во име на понатамошна добра соработка помеѓу здружението и Стоматолошкиот факултет од Скопје беше склучен и МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
 
 
 
Со свој говор присутните гости ги поздрави и сестра Хамиде Љатифи, координатор на Друштвото на стоматолошки сестри.
 
 
Официјално лого на Друштвото на стоматолошки сестри при ЗМСТАС - ЗА НАС

ДРУШТВО НА СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ
ПРИ ЗМСТАС - ЗА НАС

 
 
 
 
 
 
П Р О Г Р А М А - СИМПОЗИУМ НА СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ:
1. „Чувари на простор“
– Ариета Незири

2. „Ортодонска припрема на пациенти за хируршки третман на прогенија“
– Александра Трајкоска


3. „Вертикални неправилности во оклузија“
– Елвира Колашинац


4. „Припрема на Мерилед маст во прететиката“
– Хибе Исмаиљи


5. „Сонот на блескавата насмевка“
– Јаворка Стевановиќ Димоска
ГАЛЕРИЈА
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми / Дизајн и мултимедиа
media@zanas.mk
+38970406932

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести