ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СО НЕПРИЗНАЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ вчера одржа состанок со претставниците на иницијативата на медицински сестри со непризнаено високо образование и претседателот на Гранковиот синдикат - Љубиша Каранфиловски.
 

“И покрај бурниот период поврзан со ковид пандемијата во кој се наоѓа нашата професија, сепак решивме да организираме состанок, пред се поради итноста и зголеменото незадоволство кај медицинските сестри. Многу пати Унијата апелираше до надлежните за овој проблем, но се чини дека со зголемувањето на обврските, со недостатокот на кадар и со согорувањето на работното место апсолутно сме дојдени до максималната точка на издржливост и иницијативата која ја поттикнуваат медицинските сестри со непризнаено високо образование е навистина оправдана. Ова е еден мал сегмент од нерешените статуси со кои се среќава нашата професија, но се додека не го донесат Законот за сестринство, ние мораме вака, да ги решаваме проблемите поединечно.“ - изјави претседателот на Унијата, сестра Гордана Бешлиовска.


Средбата резултираше со постигнување договор со Гранковиот синдикат за понатамошно водење на овој случај и изнесување на соодветно барање пред надлежните. Унијата во соработка со координаторите низ нашата земја ќе ги евидентира сите медицински сестри кои се со непризнаено високо образование, а по сублимирањето на бројките синдикатот ќе договори средба со Фондот за здравство и Министерството за здравство, за да се оформи предлог решение.

Министерството за здравство исто така веќе од денес, ќе започне со евидентирање на медицинските сестри со непризнаено високо образование испраќајќи барање за пребројување во институциите ширум земјата.

Пребарување

Категории

Актуелно

МНОГУМИНА НЕ ЈА РАЗБИРААТ ШИРИНАТА, УЛОГАТА И ОДГОВОРНОСТА НА МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА
11.6.2021
Таа вели дека кога сте медицинска сестра пред сѐ треба да се прифати одговорноста на таа професија, да бидете доверлива и хумана личност. Со секојдневното одење на работа знаете дека секој ден е борба за нечиј живот. Нејзиниот работен ден започнува токму така, со предизвик и желба да се помогне.
Види детали

Тагови

Архива на вести