ГОДИШНО СОБРАНИЕ ЗА 2020 НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС И ЗМСТАС ЗА НАС

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ поради неможноста и оваа година да организира соодветно Годишно собрание реши овој пат истото да го преформулира во он-лајн презентација преку која сите ќе имаме можност да се потсетиме на најважните моменти од нашата работа во изминатата 2020та година.

Изминатава година Светската здравствена организација ја прогласи за Година на сестринството. Воопшто не погрешија бидејќи во хаотичната битка против пандемијата предизвикана од корона вирусот светот виде колку навистина се значајни медицинските сестри. 

Унијата навремено информираше за сите случувања, алармираше и повикуваше на почитување на превентивните мерки, го креваше гласот на медицинската сестра и во овие услови на пандемија не дозволи да биде заборавена и маргинализирана во нашата земја.

„Особено сме горди што заедно успеавме да поттикнеме нови конкурси и приеми на медицинските сестри кои долги години работеа како договорци. Ние сме дефинитивно се уште на почетокот на она што би значело уживање на правата кои ги заслужуваме како професија, но сите заедно, сплотени правиме промени.“


Во кратката презентација ќе погледнете слајдови на кои се опишани нашите активности од изминатата година. Таа ги содржи сите објави, искази, медиумски гостувања, јавни обраќања, кампањи, донации, активности за меѓусебна поддршка, заеднички успеси...



Во овој момент ќе ве потсетиме и на една успешна кампања за медицинските сестри со која сакавме да бидеме првите кои ќе подадат рака и да помогнеме на медицинските сестри кои беа директно вклучени во борбата против пандемијата. Унијата покрај паричната донација  од членарините, успеа да обезбеди и донација во вид на течности, супплементи, производи за одржување на хигиена од компании кои својата хуманост ја покажаа на дело. Кампањата „И јас сум гласот на медицинските сестри“ во која и со помош на мобилните оператори обезбедивме скромен износ на парични средства Извршниот одбор одлучи сите собрани парични средства да бидат донирани во ковид центрите ширум земјата.

 

„Натпреварот трае сè уште. По една година ги исцрпи сите учесници, го промени ликот на светот, на нашите животи, успеа да не затвори дома со месеци, нè натера да носиме маски преку лицето за да не може да се видиме едни со други како се смееме, а сè помалку се смеевме, нè оддалечи на растојание од 2 метри, ни прегратки, ни бакнежи, уништи бизниси, ја осакати економијата, сите случувања се откажаа, а болниците се полнеа со илјадници кои секојдневно се заразуваа од она што го содржеше во себе - вирус кој дивееше без да предупреди... Сееше смрт... БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ, ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е И ТВОЈА ОДГОВОРНОСТ!“





Претседател на Унијата на здруженија предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС
Гордана Бешлиовска

Членови на Унијата:
ЗМСТАС – ЗА НАС (Гордана Бешлиовска)
ЗМСТА – Слвајанка Влахчева (Ирена Нечовска)
ЗМСТЛА - Тетово (Наџије Фетаи)
ЗМСТАЛА - Гостивар (Џеват Салија)
ЗМСТА – Гостивар (Ивица Билбиловски)
СМТЛ - Тетово (Тони Јакимовски)

Извршен одбор на ЗМСТАС – ЗА НАС:
Гордана Бешлиовска
Јулијана Маџовска
Данка Димитровска
Ленче Донева
Благородна Мартиновска Ѓорѓиева
Илија Милошевски

Односи со јавност и комуникација со медиуми:
Даниел Стојмановски

Администрација и комуникација со членството:
Елена Кавракова


ZANAS.MK | 2020

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
12.4.2024
Почитувани вчера се одржа првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во офталмологијата“. Настанот се одржа во Скопје, хотел „Континентал“ во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
Види детали

Тагови

Архива на вести