БЕШЛИОВСКА: МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ БОГ ГИ СТВОРИЛ ДА БИДАТ СИЛНИ ВО ТЕШКИ ВРЕМИЊА

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС со огромна жалост соопшти за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ - Скопје.
Пораките и емпатијата не стивнуваат деновиве. Болницата „8ми Септември“ отвори и книга на жалост во која колешките и колегите ќе може да го впишат својот последен поздрав до нејзе.
Возовите одат и доаѓаат, но луѓето во нив не се исти. Уште една медицинска сестра, наша колешка, пријателка, другарка, пример за помладите и учител на професијата, го даде својот живот за професионалноста и многу ќе недостасува.
Медицинските сестри Бог ги створил да бидат силни во тешки времиња, а светот е дефинитивно поубаво и подобро место за живеење со нив.
Нека ти е светол патот до сјајните ѕвезди на небото сестра Нашиде.
Со почит, Гордана Бешлиовска
Претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За нас“
Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.
Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски. 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
12.4.2024
Почитувани вчера се одржа првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во офталмологијата“. Настанот се одржа во Скопје, хотел „Континентал“ во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
Види детали

Тагови

Архива на вести