💙 СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ: СЗДМ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВКЛУЧЕНИ ВО ГРИЖАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС

Денешниот 14 ноември се одбележува како Светски ден на дијабетесот. По тој повод Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) додели благодарници на сите медицински сестри низ нашата земја кои се вклучени во грижата за пациентите со дијабетес.
 

„Голема благодарност до Сојузот што го препознаа и што го ценат нашиот труд. Ни давате елан и сила со ист жар да продолжиме со нашиот удел во третманот на лицата со дијабет, сите заедно, сплотено да се бориме за подобар живот!“ - вели сестра Татјана Ѓорговски од Клиниката за Ендокринологија во Скопје.


Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се приклучува кон чествувањето на Светскиот ден на дијабетесот и изразува несебична поддршка кон сестрите кои секојдневно се соочуваат со овој предизвик. 
 



Шеќерната болест значи група на метаболички нарушувања чија основна карактеристика е хипергликемијата, односно зголемено ниво на гликоза/шеќер во крвта. Во лекувањето на дијабетесот, особено место заземаат едукацијата, самоследењето и самогрижата.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести