МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ХЕРОИ: ДОНИРАЈТЕ КРВ, СПАСЕТЕ ЖИВОТ!

Борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот и понатаму продолжува. Стихијата никако да стивне, а единствениот спас за човештвото се чини дека сме самите ние. Покрај многуте жртвувања и посветеност на работата до истоштување, голем број од медицинските сестри кои на своите работни позиции заболеа од корона вирусот, сега повторно ја покaжуваат хуманата страна на оваа професија донирајќи крв за пациентите.

„После Ковид, донирајте плазма, донирајте крв. Спасете живот!“ – е дел од објавата на сестра Соња Николоска, дипл.мед.тех во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, која после соочувањето со Ковид 19 и борба за своето здравје одлучила да донира крв, надевајќи се дека ќе успее да им помогне на своите колешки кои во моментов ја водат својата битка.

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ апелира да се придржуваме до препораките на СЗО, но и да не забораваме да бидеме хумани.
 
Лекувањето на ковид-19 со крвна плазма од оздравени е еден од најнадежните методи за лекување на лицата што развиваат потешка клиничка слика од коронавирусот. Процесот функционира на тој начин што антителата кои се борат со вирусот од крвта на оздравените преку трансфузија се внесуваат во телото на болно лице кое така се стекнува со способност полесно да се справи со ковид-19.
 

Има херои и во Македонија кои откако ја победиле болеста донираат крвна плазма за да им помогнат на болните, а меѓу нив голем број се и медицинските сестри.

Унијата апелира до сите хумани луѓе без оглед на професионалната ориентација да го следат овој храбар пример и притоа да придонесат за лекувањето на болните од корона вирусот.

Воедно ве потсетуваме дека во тек е и кампањата за поддршка на медицинските сестри кои се борат против пандемијата. Сите информации околу кампањата може да ги проследите тука.

 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми



Пребарување

Категории

Актуелно

БЕШЛИОВСКА: МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ БОГ ГИ СТВОРИЛ ДА БИДАТ СИЛНИ ВО ТЕШКИ ВРЕМИЊА
14.1.2021
Возовите одат и доаѓаат, но луѓето во нив не се исти. Уште една медицинска сестра, наша колешка, пријателка, другарка, пример за помладите и учител на професијата, го даде својот живот за професионалноста и многу ќе недостасува.
Види детали

Тагови

Архива на вести