ПРВ КОНГРЕС НА УНИЈАТА: НЕОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ВО СТРУГА

Изминатиов викенд од 18-ти до 20-ти мај се одржа првиот конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри и лаборанти во Струга. На конгресот присуствуваа над 300 здравствени работници, на 20 стручни предавања на тема: „Градење на тимови во здравствената заштита за подобра и современа здравствена грижа на пациентите“, во организација на Унијата на ЗМСТАСЛ предводени од ЗМСТА – ЗА НАС.
„Особена чест и задоволство ни преставуваше неофицијалната средба со премиерот Зоран Заев токму на нашиот прв конгрес. Здружението „За нас“ минатата недела прослави една година постоење и над 5000 членови во Унијата на ниво на целата република, па позитивните реакции и наклонетоста кон изнаоѓањето на решенија за нашите проблеми од страна на Премиерот ни дадоа навистина голем поттик и во натамошната наша работа.
 
Конгресот помина во најдобар ред, најважно што добивме голема поддршка не само од нашите членови, туку и од пациентите и од нивните здруженија, како и од организацијата „Лулка“ каде свое предавање имаше и педијатарот д-р Денис Ал Кхалили. Споделивме и разработивме теми кои се од голема важност за сите нас, особено што акцентот го ставивме на тимската работа и на квалитетната здравствена грижа за пациентите.
 
Организиравме и пленарен дел на тема: „Како образованието да ни помогне да излеземе од анонимноста во здравствениот систем“, каде на наше големо задоволство ни се приклучи директорката Проф.Д-р Доминика Рајчановска и професорките Проф.Д-р Тања Јовановска, Проф.Д-р Викторија Стојчева – Продановска и Проф.Д-р Ленче Мирчевска од Високата медицинска школа во Битола.

Сеуште сме под импресии од одлично завршениот конгрес, но се разбира дека нашите активности не застануваат тука и се надеваме дека неделава ќе ни се случи и средбата со министерот за здравство, при што ќе можеме поконкретно да разговараме и заеднички да изнајдеме решенија за проблематиките и прашањата што го засега сестринството во Македонија.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на здруженијата.
 
Здружението во текот на неделава ќе го објави и својот прв зборник во контекст на конгресот што измина. Сите презентации и стручни предавања ќе бидат објавени на нивната официјална страна за да може да бидат лесно достапни и за оние кои немаа можност да присуствуваат на истиот.
 
На конгресот присуствуваше и г-динот Елсон Јачари, претседател на Здружението на медицински сестри од Албанија, кој истотака имаше свој говор кон присутните.


Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми / Дизајн и мултимедиа
media@zanas.mk
+38970406932