СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СЕ ОСНОВАТА НА СЕКОЈА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

Почитувани членови, денес во канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија се одржа средба на Унијата на здруженија предводени од ЗМСТАС - ЗА НАС.

Средбата беше иницирана од страна на Извршниот одбор на Унијата, кој после сите реакции во врска со актуелната тема околу нерамномерното покачување на платите, и објавувањето за постоење на нетранспарентно официјализирана комора смета дека токму претседателот е лицето кое може да помогне во проблематиките со кои сестринството се соочува последниве години.

Денеска се сретнав со претставници од здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија. Тие се основата на секоја здравствена установа во државата. Ме запознаа со нивните активности, како и со предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа.“ - беше објавено на официјалната страна на претседателот.



 

Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за oдноси со јавноста и комуникација со медиуми
media@zanas.mk

Пребарување

Категории

Актуелно

ОХРИДСКА ДЕКЛАРАЦИЈА: Темел на модерно и европско сестринство!
17.10.2025
Време е за признавање, регулација и инвестирање во иднината на сестринството.Ова не е само декларација – ова е движење, визија и ветување за иднината на здравството во нашата земја.
Види детали

Тагови

Архива на вести