СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ПРИМАРНА ЗАШТИТА

Почитувани, ве известуваме дека вчера се одржа Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита на тема: Право време за движење напред: Нови професионални перспективи, во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.




 
Големиот настан, во присуство на многу бројни медицински сестри, соработници, поддржувачи на сестринската професија и национални медиуми започна во 12 часот во хотел „Салида“, Прилеп со поздравен говор на претседателката на Унијата, м-р Гордана Бешлиовска.
 
ЗАДОВОЛСТВАТА И ЛИЧНИТЕ ДОХОДИ
ТРЕБА ДА ДОЈДАТ ПРЕКУ КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРОФЕСИЈА.
МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО БОЛНИЦИТЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ПОМОШЕН ПЕРСОНАЛ
 


Унијата мора да добие свој сектор во Министерството за здравство од каде, од терен, ќе ги централизира сите проблеми и ќе работи на кариерниот развој на медицинските сестри, а мора и да се најдат решенија, посебно за одливот на медицинскиот кадар.
 
Според податоците, недостасуваат околу 8 000, а потребите во здравството се задоволени само 50 отсто. Важно е во моментов да имаме здрава работна околина. Инаку, миграцијата која, всушност, е подобна за цела Европа која е без граници, ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме миграцијата.


 
Единствениот начин на кој можеме да ја запреме е да ги подобриме условите за работа, кои се на прво место, да ги зголемеме задоволствата на медицинските сестри и да ги зголемиме личните доходи. Задоволствата и личните доходи треба да дојдат преку нивниот кариерен развој и признавањето на нивната професија. Медицинските сестри во болниците не може да бидат помошен персонал. Тие имаат автономна професија кои ја бранат со вакви стручни и професионални настани, изјави Бешлиовска.
 



Носењето на титулата медицинска сестра е лесен предизвик само ако со љубов ја носиш, а во животот, разликата помеѓу успехот и неуспехот помалку или повеќе се должи на храброста, бидејќи никој не успеал без труд и напорна работа! Чест ми е што сум назначена како Претседател на Друштвото на медицински сестри од примарна здравствена заштита при ЗА НАС - Здружение на мед.сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Огромна благодарност на нашата Претседателка м-р сестра Гордана Бешлиовска што ни ја укажа довербата да бидеме носители на ова друштво.


Конечно дојде време да се чуе нашиот глас. Како сестри во примарната здравствена заштита сме заборавени но, со заеднички сили можеме да ги надминеме проблемите. Мора да се подобри статусот на сестрите во општеството, но и условите за работа – рече Елизабета Настеска, претседател на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита при ЗМСТАС „ЗА НАС“.

 


Специјални гости на настанот беа Д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита и Д-р Пиа Врачко, Советничка за здравствени политики на СЗО кои имаа свои обраќања кон присутните.
 
КОМПЕТЕНЦИИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЌЕ БИДАТ НАДГРАДЕНИ
ЗА ДА ДАВААТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДИЈАГНОСТИЧКИ УСЛУГИ

 
Реформите во приватната здравствена заштита почнаа минатата година со менувањето на режимот на препишување на терапиите на хронично болните пациенти. Здравствените работници во примарното здравство, тоа ги вклучува лекарите и медицинските сестри, имаат компетенции кои ќе бидат надградени за да може да даваат уште повеќе дијагностички услуги, како што се еходијагностика, спирометрија на ниво на примарна здравствена заштита за да се овозможи пациентите тие услуги да ги добијат најблиску до нивното место на живеење, рече Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.
 
 
ЗМСТАС „ЗА НАС“ ПОСТХУМНО ДОДЕЛИ И ПЛАКЕТА
ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС КОН СЕСТРИНСКАТА ПРОФЕСИЈА
СЕСТРА МИРЈАНА ЈОРДАНОСКА 
(1949 - 2020)


 



Модератори на симпозиумот беа Елизабета Настеска, Христина Гулеска и Данче Сердарска Димитрова.
 
1. Дипл. мед. сестра  Викторија Стеваноска ПЗУ Св. Спас Ропотово
Тема – Секојдневните предизвици во руралните амбуланти
 
2. Мед. сестра  Билјана Трајановска ПЗУ Др. Мирјана Андоновска Скопје
Тема – Центар за ХТА
 
3. Мед. сестра Христина Гулеска ПЗУ Медика Др. Пецко Десоски
Тема – едукација емпатија, симулација сестра-пациент
(Актери: Матеа Стојческа и Михаил Јорданоски ученици во Средно медицинско училиште;
ментор: Наташа Ванчева)
 
4. Мед. сестра Елизабета Настеска ПЗУ Др. Гордана Јаневска
Тема – Ние како важна алка во тимот
 
5. Мед. сестра Елизабета Богогеска ПЗУ Др. Евгенија
Тема – Улогата на медицинска сестра во ГАК амбуланта
 
6. Татјана Гнип Катароска, гл.сестра и анестезиолошки техничар ОБ Прилеп
Тема - Анафилакса во амбуланта кај матичен лекар
 
Новини во дезинфекција на работните површини
Маја Петрова, ДНД Комерц
 
7. Др. Ана Ѓорѓиоска спец.педијатар, субспецијалист по детска кардиологија
Тема – Препораки за превентивна педијатриска заштита
 
8. Проф. Др. Kристина Миронска детски имунолог
Тема – ХПВ инфекција и ХПВ вакцинација
 
9. Др. Елена Јосифоска специјализант
Тема – Превентивна дејност во детска возраст
 
10. Петра Лукароска – Здружение Филип Лукароски
Тема – Превентивата, прв чекор за здравје кај мажите
 
11. Лариса Стојковиќ Трајкоска - Гешталд психотерапевт, семејно системски советник
Тема – Менталното здравје на адолесцентите во примарната здравствена заштита


На овој настан беа промовирани и новите четири друштва како и нивните заштитни знаци по кои во иднина ќе бидат препознатливи:
 
ДРУШТВО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ПАЛИЈАТИВНА ГРИЖА ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

ДРУШТВО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ
ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

ДРУШТВО НА ОФТАЛМОЛОШКИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“


ОНКОЛОШКО ДРУШТВО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

 
Настанот беше збогатен и со музичка програма во изведба на легендарниот Јаков Дренковски.






И овој симпозиум беше поддржан од големиот хуманитарец и наш долгогодишен соработник, Каролина Петковска која беше водител на настанот.