ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА КАРДИОЛОШКИ СЕСТРИ

Почитувани членови и соработници, Друштвото на кардиолошки медицински сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ ве повикува да бидете дел од вториот Кардиолошки Симпозиум на медицински сестри на тема: ,,НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО КАРДИОЛОГИЈАТА,,, кој ќе се одржи на 22.02.2024 година во општинската сала во Велес.

„Симпозиумот со  плeнарни стручни предавања  ќе го прикаже значењето на имплементацијата на новите достигнувања и унапредени вештини, тимската работа како и размената на меѓу институционални искуства,а со преглед на сите проблеми и околности кои сме ги надминале или се уште треба да ги надминеме за унапредување на нашата работа.Со стручните теми, едукации и активности ќе се стремиме преку размена на искуствата во теорија и пракса да го подобриме квалитетот на здравствена нега.“ - вели сестра Жанета Богоевска, претседател на Друштвото.


За да земете активно учество на симпозиумот, потребно е најдоцна до 10.02.2024 година да доставите апстракт на темата  до 250 зборови на нашата електронска адреса (aplikacija@zanas.mk).

Со дополнителни информациите очекувајте не во следните објави.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести