УНИЈАТА ОДЛИКУВАНА СО ПОСЛАНИЕ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ЗА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

Почитувани членови поклонувајки се пред безусловната мисија на Мајка Тереза имаме посебен повод да бидеме горди на нашата сестринска професија.

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ ја одликува Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ со послание за хумани вредности подарени за човековата среќа.


И покрај тоа што ние медицинските сестри секојдневно го даваме својот максимум за доброто на пациентите, и хуманоста е наша вродена карактеристика, ваквите признанија ни даваат дополнителен стимул во нашата работа.

Ова послание ни ги шири крилјата и ни дава сила да издржиме и во услови на нарушено достоинство.

Изразуваме голема благодарност до Граѓанската асоцијација за препознавањето на вистинските вредности. - истакнуваат од извршниот одбор на Унијата предводени од ЗМСТАС “ЗА НАС“


На настанот наши преставници беа координаторите и членови на извршниот одбор на Унијата: Оливера Калошева, Хамиде Љатифи, Јулијана Маџовска и Данка Димитровска.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести