СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ ВИРУСОТ

Интензивниот фокус на пандемијата на Ковид-19, не смее да ги намали напорите да се справиме со епидемијата на ХИВ, која сè уште е активен проблем на јавното здравје во државава и на луѓето засегнати од овој вирус, соопшти Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод 1 декември, Светски ден на борба против Сида.

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ несебично ја дава својата поддршка кон сите активности за борбата против хив вирусот и апелира до граѓаните навремено да се информираат, да се тестираат и да не дискриминираат!




 

Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, посочуваат од Здружението, земјите мора да осигураат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон Ковид-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.

ВАЖНО Е ДА СЕ ОТКРИЕ НАВРЕМЕ

Од Здружението се загрижени поради фактот дека годинава е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Според Здружението, тоа може да се објасни со кризната состојба, но не смее да се занемари.
 

– Неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ кои го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве три години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година, додаваат од Здружението и изразуваат почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон Ковид-19.

Пребарување

Категории

Актуелно

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА 2025: ИНФОРМАЦИИ ЗА ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
30.4.2025
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена ос здружението "ЗА НАС" по повод Светскиот ден на медицинските сестри и Меѓународната недела на сестринството, обезбедува организиран автобуски превоз од Скопје до Битола за сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на свечената академија.
Види детали

Тагови

Архива на вести