СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ СО НЕПРИЗНАЕНИ ВИСОКИ ШКОЛИ

Почитувани членови, Ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ на 20ти мај 2021 година (четврток) ќе одржи состанок со преставниците на иницјативата на медицински сестри со непризнаени високи школи.

Состанокот ќе започне во 13:30 часот во просториите на Здружението „За нас“, а ќе присуствува и Претседателот на Гранковиот синдикат, г-динот Љубиша Каранфиловски.


 

„Во отсуство  на Закон за сестринството Унијата и овој пат е приморана поединечно да ги решава проблематиките со кои се соочува сестринството. Како што изнаоѓавме решенија за сестрите-концесионери, за стоматолошките сестри, така ќе се обидеме и овој пат да придонесеме да се најде соодветно решение за сите сестри со завршено високо образование од целата држава. По сублимирањето на разговорите од состанокот, ќе испратиме писмо до Министерот за здравство, а потоа и дополнително ќе ве известиме за исходот.“ - изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.




 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЈУБИЛЕЈ: Пет конгреси, девет години „ЗА НАС“ !
25.9.2026
Од самиот почеток, идејата беше да се создаде простор во кој сестринството ќе биде поврзано, професионално организирано и постојано насочено кон знаење, едукација и развој.Во истата година беше формирана и Унијата на ЗМСТАС на Македонија, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.
Види детали

Тагови

Архива на вести