ПРВ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОСОВСКАТА КОМОРА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ, АКУШЕРКИ И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Почитувани членови Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ Ве известува за официјалната покана за учество на Првиот меѓународен конгрес на медицински сестри, акушерки и други здравствени работници на Балканот - ICNMHPB во организација на косовската комора на медицински сестри „ОИК“.

Конгресот ќе се организира на 06 - 07 мај 2021 година, во Приштина. Настанот е организиран  во соработка со Комори, Универзитети и Здруженија на медицински сестри од Албанија, Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Турција и е финансиски поддржан од Фондот за Западен Балкан-WBF.

Тема на овој конгрес ќе биде „Улогата, важноста и предизвиците на медицинските сестри, акушерките и другите здравствени работници за време на пандемијата Covid-19“ и други предизвици од интерес за здравствените работници.

Бидејќи светот е фокусиран на пандемијата КОВИД-19, важноста на улогата на медицинската сестра,  акушерката и другите здравствени професионалци во овој момент треба да биде високо ценета со оглед на многуте предизвици со кои се соочуваат.

Авторите се поканети да достават апстрактни или целосни трудови на англиски јазик преку електронската пошта kongresi.oik@gmail.com, додека пак за аплицирање може да го користите системот за апликации: https://oik-ks.org/congress до 20 април 2021 година. Пријавите треба да да бидат оригинални и необјавувани претходно.

Оваа година, вработените во ОИК се навистина загрижени за болеста КОВИД-19 и вашата безбедност е наш приоритет. Затоа, Конгресот ќе се одржи на платформата ONLINE ZOOM.
Сите регистрирани и презентирани трудови ќе бидат објавени во „Интернет-трудови и онлајн и печатена апстрактна книга“ со назначен број на ISBN. Публикацијата ќе биде достапна и како е-документ на веб-страницата.
 
Јазици на конгресот се:
Албански и Англиски јазик.
 
Рок на конгресот:
За автори - 20 април 2021 година
За слушатели - 2-ри мај 2021 година
 
Конгресот е акредитиран од КЕВП во ОИК:
20 поени за учество со презентација и
15 поени за учество со слушање
 
 
 
 
 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ПРИМАРНА ЗАШТИТА
22.3.2024
Почитувани, ве известуваме дека вчера се одржа Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита на тема: Право време за движење напред: Нови професионални перспективи, во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.
Види детали

Тагови

Архива на вести