ДОНАЦИИ ЗА СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ГОСТИВАР ОД ИВЗ

Почитувани членови, ве известуваме дека донацијата од Исламската верска заедница предводена од поглаварот Шаќир Ефенди Фетаху вчера беше поделена низ неколку ковид центри во Скопје (Гинеколошка Клиника – Одделение за ковид), Тетово и Гостивар.

Уште еднаш изразуваме голема благодарност за подадената финансиска и материјална (храна) помош.



Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ во наредниот период ќе ве извести и за следните активности поврзани со кампањата за поддршка на медицинските сестри вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот.

 
Ве потсетуваме дека во функција се и веќе објавените телефонски броеви за донации. Донирањето можете да го направите само кон операторот од кој повикувате. Доколку сте корисник на Т-Mobile повикајте го бројот 143 141, односно 143 777 за корисниците на А1. (100 денари/повик)

Сите вие кои сакате да допринесете за кампањата за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот истото може да го направите и на жиро-сметката на НЛБ банка – 210 0720099401 26.


Пребарување

Категории

Актуелно

ГОДИНА НА ВЛИЈАНИЕ – ОФИЦИЈАЛНО ВИДЕО ОД КОНГРЕСОТ ВО СТРУГА (2025)
09.12.2025
Струга беше срцето на регионалното сестринство – а ние ја доловивме целата енергија! Ви го претставуваме официјалното видео од Конгресот, каде медицинските сестри го покажаaа својот вистински напредок, моќ и визија. Проследете го и заедно да го заокружиме годинaва со најсилната порака: образованието создава влијание, а сестринството ја движи промен
Види детали

Тагови

Архива на вести