​ОД НАС ЗА НАС: МЕСЕЧНАТА ЧЛЕНАРИНА ЈА ДОНИРАМЕ ЗА КАМПАЊАТА ЗА ПОМОШ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ КОИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА

Почитувани членови, ве известуваме дека извршниот одбор на ЗМСТАС – ЗА НАС одлучи месечната членарина за овој месец да ја донира за кампањата за помош на медицинските сестри кои се борат против пандемијата предизвикана од корона вирусот.

„Се надеваме дека со овој мал симболичен допринос, од нас за нас, ќе успееме да помогнеме во одредени сегменти и да обезбедиме барем дел од неопходните суплементи за медицинските сестри.“ – изјавуваат од извршниот одбор на здружението.
 
Унијата на ЗМСТАС кампањата ја започна во текот на минатата недела и голем дел од општествено одговорните компании веднаш се приклучија. Според  изјавите на дел од медицинските сестри кои работат во ковид центрите неопходно им беше да имаат можност за редовна хидратација. Поради дополнителната заштитна униформа и протоколи за работа во овие топли денови и те како им се потребни течности. Токму затоа уште еднаш изразуваме голема благодарност до компаниите кои донираат вода и производи од нивниот асортиман.



Од вчерашниот ден во функција е и бројот за донации на T-Mobile 143 141 преку кој сите граѓани кои се во можност може да донираат по 100 денари од повик.

Исто така отворена е и специјализирана жиро-сметка за донации (210-0720099401-26, НЛБ Банка) на која сите добронамерници може да донираат средства за помош на медицинските сестри кои се борат против пандемијата предизвикана од корона вирусот.
 
Нека оваа кампања биде почеток на крајот на пандемијата, а сите ние ГЛАСОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ.

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести