МЕСЕЦ ДЕНА ПО ВЕТУВАЊЕТО - ИЗМЕНИТЕ ВО ЗЗЗ СÈ УШТЕ НА “СТЕНД-БАЈ“

Месец дена по барањата на Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“, за решавање на проблематиките со “сестрите-концесионери“ и изјавите од министерството за здравство дека се направени измени во Законот за здравствена заштита, сè уште нема никаков официјален одговор за решавање на статусот на сестрите кои остануваат без работа.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ОТПУШТЕНИ СЕСТРИ

За еден месец, бројот на отпуштени медицински сестри од 40 се зголеми на 47, а се очекува и понатаму да расте. Унијата веќе 6 месеци апелира и чека да се донесе Законот за префрлање на овие мед. сестри во јавното здравство и тоа никако да се случи. Ординации се затвораат, а сестрите завршуваат без работа.


„Парадоксот е огромен што тие сестри не се конкурентни на конкурсите, а и постапката за конкурирање изискува трошоци од 6000 до 7000 денари за припрема на потребната документација. Доколку институциите немаат слух за нас, следниот пат состанокот ќе го одржиме пред министерството за здравство.“ - изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.


Пребарување

Категории

Актуелно

💙 СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ: “Здраво живеење и Дијабетес“
14.11.2021
Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се приклучува кон чествувањето на Светскиот ден на дијабетесот и изразува несебична поддршка кон пациентите и сестрите кои секојдневно се соочуваат со овој предизвик.
Види детали

Тагови

Архива на вести