ВАЖНО: САМОПРОГЛАСЕНАТА КОМОРА Е ПРОТИВ ЗАКОНСКА

До сите членови на Унијата на ЗМСТАС
„Сплотеноста во Унијата Ве донесе до точна информираност, за правата и должностите на нашата професија, сè со цел да го вратиме достоинството на нашата професија. Со оглед на индивидуалните користољубиви активности, и сега чувствуваме должност да Ве известиме да не наседнувате на самопрогласената таканаречена комора која е против законски формирана.
 
сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС - ЗА НАС
Одговорно Ве известуваме дека информациите за јавни овластувања се неточни. Сите наши обиди и контакти со Министерството за здравство треба за кратко време да завршат со краен договор за формирање на Комора по законските критериуми и форми. Комора која треба ние самите, сите заедно, да ја донесеме и која ќе треба да ги штити нашите права и да ги почитува нашите должности.
 
Ви прикажуваме аргументи за непостоење на Комора со јавни овластувања кои преку нашите правници и адвокати во Унијата се потврдени. Непостоење на адреса, непостоење на завршни сметки, и непостоење на членство за што Унијата ќе превземе мерки согласно законот. За Ваша информација, правен субјект Комора го сочинуваат Здруженија и никој не може да си земе за право на ваков начин да изнесува лаги и на тој начин да проба да Ве манипулира и донесе до заблуда.
 
Состанок со министерот за здравство
Министерството за здравство нема дадено никакви јавни овластувања за Комора на нас медицинските сестри, акушерките и стоматолошките сестри. Не наседнувајте на неофицијални покани од одредена група на клинички сестри. Нашата цел е професијата да ја градиме на силна законска основа со критериуми и по наша воља, како што ние, сите заедно од сите Здруженија, ќе избереме.
За Ваша информација, со ова се запознаени раководните структури на Министерството за здравство, а за гореспоменатите аргументи ќе бидете информирани и преку јавните гласила.
Заради честа и достоинството на нашата професија не дозволувајте да бидете манипулирани. Секогаш нашето единство да го крепиме на законски основи, како што доликува и како што тоа го прават сите наши колеги ширум регионот и Европа.“
 
Со огромна почит,
Извршните одбори на Здруженијата
од Унијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри
 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести