БОРБА ЗА ПРАВЕДНОСТ

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС изминатиов период се обиде да ни укаже на нашите задолженија, права и цели кои ги имаме како сестринска фела.

Се соочивме со манипулации и незаконски присилби за членство во неовластени формации кои предизвикаа негодувања кај сите нас.

Во продолжение проследете го известувањето на нашите колеги - физиотерапевти:


ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ФИЗИОТЕРАПЕВТИ (01.03.20202)

 

Здружението на Професионални физиотерапевти на Р.Македонија и Македонско физиотерапевтско Здружение одржаа заеднички состанок по повод ангажирање на некои наши колеги од другото Здружение а во врска со Комората на Здравствените работници со  средно, вишо и високо стручно образование на Р. Македонија.

По налог на Министерот за Здравство др. Венко Филипче, Комората на здравствените работници каде што не партиципираат сите Здруженија, еден мал дел на Здруженија добија овластување да направат упис на здравствените профили и ништи повеќе од тоа.

Услов на Министерот за Здравство доц.д-р Венко Филипче за таа работа беше да се информираат сите Здруженија, како би можело работата заеднички да се заврши транспарентно. Но тоа не се случи од причина што личните интереси на некои физиотерапевти и понатаму не престануваат. 

Секој физиотерапевт треба да знае дека профилот Физиотерапевт не припаѓа ниту на едно Здружение ниту некој им го дал тоа право на некои наши колеги.

 

1.Зошто згасна идеата за единствената Комора на физиотерапевти на Македонија?

2.Како тоа, после сите премрежја кои ги поминаат Здруженијата на физиотерапевтите, договорот кој го имаа помеѓу себе за единствена Физиотерапевтска Комора, мутираше во заедничка Комора со останатите профили, без консултација на останатите две Физиотерапевтски Здруженија?

 

Мора да знае дека искуствата на нашите колеги од Србија во заедничка Комора се катастрофални. 

Нашите две Здруженија го известија Министерството за Здравство дека не сме добиле известување за заедничка работа како што инсистирал Министерот за Здравство. Во меилот кој го испратија до нашите Здруженија, не постои име и презиме, кој стои позади профилот. 

 

На физиотерапевтите им се прикажува ситуацијата дека треба да станат нивни членови а потоа и членови на Комората и дека задолжително треба да се пријават за упис, што претставува апсолутна лага!   

Лагите одат до таму да во уснена форма ги плашат нашите членови и колеги дека следен чекор ќе биде да истите тие издаваат лиценци за работа а со тоа и ќе зависат од нив дали ќе работат во струката или не. 

Ниту Министерот доц.д-р.Венко Филипче го кажал тоа ниту го ветил на здравствените профили дека некој ќе издава лиценци за работа. 

Здруженијата го немаат тој капацитет за вакви проекти и затоа и се случија некои траги комични ситуации за време на нивното лобирањето. 

Со вакво однесување од страна на некои наши колеги се прави голема штета на угледот на профилот Физиотерапевт.

 

Со известување излезе и Унијата на ЗМСТАС:

http://www.zanas.mk/vest-statija/80700/unijata-do-chlenstvoto-po-pravno-tolkuvanje-nie-ne-morame?fbclid=IwAR0zR1DTdgAbFcsJZhoco4PDP-wOUVHXHPEzQgRaFaRV-U_OTdjYbsAqE8k 

 

Затоа сите физиотерапевти мора да знаат дека од Министерство за Здравство добивме информација, одлуката за упис во Комора не е обврзувачка, и апелираме до колегите да не се изложуваат на непотребни финансиски трошоци!

Претседател на ЗПФТ
Горан Саневски 
  Претседател на МФЗ
Блаже Арсов

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ЗАКОН И КОМОРА КОНЕЧНО ВО СТРАТЕШКИТЕ ПРЕДИЗБОРНИ ПРОГРАМИ: СОСТАНОК СО КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ
02.5.2024
Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден бевме дел од состанокот на здравствената комисија на ВМРО, каде имавме можност да ги истакнеме сите наши заложби и за прв пат да добиеме ветување за Закон и Комора.
Види детали

Тагови

Архива на вести