БИДЕТЕ ИСКРЕНИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ Е СЕ ПОГОЛЕМ

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ упатува поддршка и желба за поскоро опоравување на сите заболени медицински сестри и останат здравствен персонал.

Поради несовесното непридржување до препорачаните мерки за зачувување на јавното здравје ослабнува силата на медицинските лица и воочлив е се поголемиот број на заразени здравствени работници од корона вирусот.

Апелираме до сите граѓани на нашата земја да ги применуваат препораките за заштита на јавното здравје, да не се осврнуваат на теории на заговор и политички дебати, туку свесно и одговoрно да ги прифатат фактите и бројките кои укажуваат на сериозен противник.

Вирусот постои, COVID 19 можеме да го победиме само доколку сме сложни и делуваме одговорно за себе и нашата околина.


Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести