НЕ НИ ЈА КРАДЕТЕ НАСМЕВКАТА, ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ!

Почитувани членови, нажалост сведоци сме на ситуацијата со корона вирусот која во нашата земја е повторно алармантна! Апелирајте до вашите најблиски да се придржуваат до посочените мерки и сите заеднички да стигнеме до целта која ја посакуваме.

Драги пријатели, во природата на нас медицинските сестри ни е секогаш да сме позитивни и насмеани. Особено колегијално, меѓу нас. Работната средина понекогаш не доведува до конфлитни ситуации, но секогаш брзо надминуваме и сме насмеани и весели. Таа смеа понекогаш можеби е и многу гласна. Но, токму таа смеа значи ЖИВОТ!

Драги пријатели, Ве замолуваме не ни ја крадете насмевката, придржувајте се до мерките.

Пред нас се уште многу прослави и веселби на кои сакаме да присуствуваме и да сме сите на број.

Ве молиме не ни ја земајте насмевката. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ!

Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС

 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: ДЕНЕС БЕА ПОДЕЛЕНИ НАД 200 ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ И БЕЗДОМНИТЕ ЛИЦА ВО РЕОНОТ НА ГРАД СКОПЈЕ
07.5.2024
Ова е уштен еден момент каде сакаме да ја истакнеме хуманата страна на нашата професија, особено во еден ваков период кога се во тек големите велигденски празници и празнувањето на светскиот ден на медицинската сестра. Нека биде ова пример и поттик за секој поединец или поголема организација, кои се во можност да придонесат кон градењето на поголем
Види детали

Тагови

Архива на вести