ДЕН НА АКУШЕРКИТЕ: ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСTРИНСТВОТО

Почитувани добронамерници, денеска започнува одбележувањето на Меѓународната недела на сестринството. Од денес, 5-ти Мај - ДЕНОТ НА АКУШЕРКИТЕ, па се до 12-ти мај – ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ, оддаваме почит на сестринството за хуманоста и за севкупниот придонес во општеството.

Во оваа меѓународна година на медицинските сестри и акушерките СЗО и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за зајакнување на работната сила меѓу медицинските сестри и акушерките. Ова ќе биде од витално значење доколку сакаме да постигнеме национални и глобални цели поврзани со универзално здравство, здравјето на мајките и на децата, преносливи и непреносливи болести, подготвеност и одговор при итни случаи, безбедноста на пациентите и нивна грижа. 

Во чест на претстојната меѓународна недела на сестринството Ве поттикнуваме со свои видеа и фотографии да се придружите на кампањата за гласот што води.
Користете хаштаг #НеделаНаСестринствотоЗаНас




Воедно Ве покануваме на 12ти мај точно во 12:00 часот да ја проследите емисијата која специјално ја подготвивме за овој настан.

ЕМИСИЈАТА ПОСВЕТЕНА ЗА СЕСТРИНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕРНО ЕМИТУВАНА НА ОФИЦИЈАЛНАТА FACEBOOK & WEB СТРАНА ZANAS.MK


https://www.facebook.com/zanas.mk
http://www.zanas.mk/





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми