ВО ПРЕСРЕТ НА ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО: НЕГУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ КОН ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на здравјето се одбележува ширум светот секоја година на 7ми април. Овој ден е одбран по одлука на Светската здравствена организација (СЗО) на првата собраниска средба која се оджала во 1948 година во Женева.

СЗО го слави овој ден како свој роденден и го смета за добра прилика да го привлече вниманието на светската јавност за најважните проблеми поврзани со здравјето на луѓето на глобално ниво.

Денот на здравјето за прв пат е одбележан во 1950та година по мотото „Запознајте го својот здравствен систем“. Оттогаш секоја година акцентот бил ставан на различни проблеми во согласност со препораките на СЗО.

„Од круцијална важност е да му покажеме на светот кои се медицинските сестри и што прават. Да се осигураме дека владите инвестираат во овој витален ресурс.“ - изјавува СЗО.


2020 е Меѓународна година на медицинските сестри и акушерки.


Овој Светски ден на здравјето ја истакнуваме виталната улога на медицинските сестри и акушерките во постигнувањето на здравјето на сите. Медицинските сестри и акушерките треба да работат во овозможување работна средина што им обезбедува:

- Опрема и ресурси
- безбедност од нанесување повреди
- Фер плата за нивната работа
- Шанси за професионален развој



„Медицинските сестри и акушерките се 'рбетниот столб на секој здравствен систем. Тие сочинуваат повеќе од половина од глобалната здравствена работна сила и се од витално значење за остварување на визијата за универзално здравствено покритие ", изјави д-р Тедрос Аданом Гебреизус, генерален директор на СЗО.

„Но, да се постигнат целите за одржлив развој до 2030 година, светот ќе треба 9 милиони повеќе медицински сестри и акушерки. СЗО е горд што го поддржува Меѓународниот совет на медицински сестри.“



Оваа година мотото за Денот на здравјето гласи: „НЕГУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ КОН ЗДРАВЈЕ“.

 







Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми