ЗАПОЧНУВА ОДРЖУВАЊЕТО НА ТРИБИНИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА СЕСТРИНСКА ДЕЈНОСТ

Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ве информира дека започнува со одржување на првата трибина, од планираните четири, на тема „ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ“.
 

„Во пресрет на работните состаноци со преставниците од Министерството за здравство и Светската здравствена организација за Законот на сестринска дејност ќе организираме четири панел - трибини на кои ќе разговараме за аспектите од сестринската професија кои треба да бидат застапени во истиот.

Започнуваме со Битола, која ќе биде првата трибина, и ќе ја работиме во организација со Високата медицинска школа од Битола. Меѓу присутните очекуваме присуство и на медициснки сестри и студенти од овој југо-западен предел.“
- изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.

 

Првата трибина ќе се одржи на 18.01.2024
во Амфитеатарот на Високата Медицинска Школа од Битола,
со почеток во 12:00 часот.

 
 

 ПАНЕЛИСТИ:


д-р Злате Мехмедовиќ,
Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита

д-р Соња Славковиќ,
Министерство за Образование и Наука

м-р Гордана Бешлиовска,
Претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“


УЧЕСНИЦИ ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕСТРИНСКА ДЕЈНОСТ
м-р Јулијана Маџовска,
Претседател на Друштвото за историјатот на сестринската професија при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Ирена Нечевска, дип. мед. тех.
Претседател и координатор на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“ при Унијата на ЗМСТАС
Ленче Донева, дип. мед. тех.
Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“
 

СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН:
Проф. Доц. Адриано Фригановиќ

Претседател на Европска организација на сестри специјалисти, Хрватски национален сојуз на сестри, и Хрватско друштво на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија
Тема: „Паралела на кариерниот развој на сестрите во Хрватска и Македонија“


Пребарување

Категории

Актуелно

СО ПРЕДВИДЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА 300 ДОКТОРИ, ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ПРЕДВИДУВААТ ОД 600 ДО 900 НОВИ ВРАБОТУВАЊА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
26.7.2024
По вчерашната објава на министерот Таравари дека oваа година во буџетот ќе се предвидат нови вработувања за 300 доктори, напоменуваме дека според светските здравствени стандарди императивно ќе биде потребно и вработување на нови 600 до 900 медицински сестри и техничари, согласно законскиот сооднос 1:3.
Види детали

Тагови

Архива на вести