Почитувани членови, ве информираме дека на 14ти февруари 2025 година, во Хотел Парк, Скопје, се одржа консултативен состанок насловен „Заштитата на личните податоци во електронските здравствени системи: Европски искуства и примена во Северна Македонија“.
Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите! Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата!
Делегацијата која ја предводеше м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС, вклучуваше членови од ЗМСТАС „ЗА НАС“ и наши драги соработници од фелата како Наџије Фетаи, Стојанка Манасиевска, Алиса Абдулаи, Велдрина Фетаи и Илија Милошовски.
Со учеството на ЕСНО, овој настан ги потенцира виталните придонеси на медицинските сестри во изградбата на одржливи здравствени системи и се фокусира на нивната клучна улога во обезбедувањето на висококвалитетна здравствена нега во цела Европа.
Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“, дел од Унијата на здруженија „ЗМСТАС ЗА-НАС“, заедно со познатиот токсиколог д-р Нико Беќароски, денес реализираше уште една успешна активност во соработка со медицинските сестри и техничари од Брзата помош при ЗД - Тетово
Се навраќаме на една исполнета и плодна година, полна со бројни активности и едукации кои ја збогатија нашата професија и нашата заедница.
Почитувани, хуманитарен караван на хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ при ЗМСТАС „ЗА НАС“ продолжува и понатаму, овој пат со посетата на Општата болница во Струга, како и Здравствениот Дом и сите негови единици.
Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ е особено горда на уште една успешно завршена мисија, потенцирајќи дека секогаш единството и меѓусебното разбирање ќе не одведе до позитивни реализирани цели.
Здружението сака да подаде рака за да се слушнат и нивните потреби, да поделат предновогодишни подароци и да ја пренесе главната порака дека е важно да бидеме секогаш едни до други и сплотени.
Овој настан ги обедини здравствените работници, граѓанските организации, невладините организации и меѓународните партнери во споделувањето искуства, дискусии за предизвиците и идентификување конкретни чекори за подобрување на одговорите во случај на идни итни здравствени состојби на локално ниво.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.