Вести од Настани

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ТРЕБА ДА БИДЕ ПРВА ПОДДРШКА НА СЕСТРИНСКАТА ПРОФЕСИЈА

Многу важен сегмент за нас медицинските сестри е поддршката од Министерството за здравство, кое и оваа година по низа настани некако отсуствува. Ние се надеваме дека министерот во неговата агенда ќе најде простор и време да ни честита за успешниот конгрес.

Прочитај повеќе

ЗА ПРВ ПАТ ДОДЕЛЕНИ ОДЛИКУВАЊА ОД ПРВ РЕД „СЛАВЈАНКА ВЛАХЧЕВА“

На свечената церемонија за прв пат беа доделени и плакети, односно одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра „Славјанка Влахчева“, со поддршка на општина Штип и согласност од семејството Влахчеви. Првите добитнички на овие повелби беа сестра Јулијана Маџовска и сестра Роза Рулеска Пиличева.

Прочитај повеќе

ЗАВРШИ СЕДМИОТ НАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС ВО СРБИЈА: ИСТОРИЈАТ НА СЕСТРИНСТВОТО

Изминатиот викенд, во периодот од 21ви до 23ти септември 2023 година се одржа седмиот национален Конгрес со меѓународно учество во Република Србија. Настанот се одржа во Белград во организација на Здружението на медицински сестри и техничари „Сестринство“.

Прочитај повеќе

ДЕВЕТТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ПУЛС“ ВО БиХ: ПРОФЕСИЈАТА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ БИЛА И ОСТАНУВА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД СОЦИЈАЛЕН СТАТУС

Почитувани членови, ве известуваме дека изминатиов викенд делегација од нашето здружение предводена од претседателот м-р Гордана Бешлиовска, членови на извршниот одбор и координатори на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ учествуваа на деветиот Конгрес на медицински сестри во организација на здружението „Пулс“ од Босна и Херцеговин

Прочитај повеќе

СООДНОСОТ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ СО ЛЕКАРИТЕ МОРА ДА БИДЕ 1:2 СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РАМКА: Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри

Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат!

Прочитај повеќе

РАБОТИЛНИЦИ НА СЗО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И ПРОФЕСИЈАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Почитувани членови ве известуваме дека Светската здравствена организација во текот на оваа недела, започнувајќи од 26ти јуни па се до 29ти јуни, одржа работилници на тема „Зајакнување на образованието и професијата на медицинските сестри во Р. С. Македонија“.

Прочитај повеќе

РАБОТЕН СОСТАНОК СО КООРДИНАТОРИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

- преглед на активностите на здружението поврзани со потпишувањето на договорот со Балканската Асоцијација на Медицински Сестри;- подготовки за претстојниот втор конгрес со меѓународно учество;- дискусија во врска со новото покачување на платите на медицинските сестри- и избор на нови координатори во неколку здравствени институции.

Прочитај повеќе

СИМПОЗИУМ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД РЕПУБЛИКА СРПСКА

Почитувани членови ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ учествуваше на 21от Симпозиум на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки од Република Српска.

Прочитај повеќе

ЕДУКАТИВЕН НАСТАН: ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА

Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје во соработка со Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Република Македонија - DSAM, во просториите на Факултетот, одржа едукативен настан под тема „ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА“.

Прочитај повеќе

РАБОТИЛНИЦА: “ХИВ – БИОМЕДИЦИНСКА ПРЕВЕНЦИЈА И ПРОФИЛАКСА ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ЕДНАКВИОТ ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ХИВ“

Почитувани членови ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ учествуваше на работилницата со тема “ХИВ – биомедицинска превенција и профилакса за здравствени работници и еднаквиот третман на пациентите со ХИВ“ оранизирана од страна на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клин

Прочитај повеќе