СЕСТРА ЕЛИЗАБЕТА НАСТЕСКА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „3-ТИ НОЕМВРИ“

На Свечена седница на Советот на Општина Прилеп, по повод „3-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ на свечен начин беа доделени 3-то ноемвриските признанија и награди на поединци, асоцијации и компании кои дале свој придонес во општественото живеење и развој на Прилеп.

Прочитај повеќе

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ТРЕБА ДА БИДЕ ПРВА ПОДДРШКА НА СЕСТРИНСКАТА ПРОФЕСИЈА

Многу важен сегмент за нас медицинските сестри е поддршката од Министерството за здравство, кое и оваа година по низа настани некако отсуствува. Ние се надеваме дека министерот во неговата агенда ќе најде простор и време да ни честита за успешниот конгрес.

Прочитај повеќе

ЗА ПРВ ПАТ ДОДЕЛЕНИ ОДЛИКУВАЊА ОД ПРВ РЕД „СЛАВЈАНКА ВЛАХЧЕВА“

На свечената церемонија за прв пат беа доделени и плакети, односно одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра „Славјанка Влахчева“, со поддршка на општина Штип и согласност од семејството Влахчеви. Првите добитнички на овие повелби беа сестра Јулијана Маџовска и сестра Роза Рулеска Пиличева.

Прочитај повеќе

ЗАВРШИ ВТОРИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Изминатиов викенд од 13ти до 15ти октомври се одржа вториот Конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, со меѓународно учество, на тема „Здравствената нега – научна дисциплина“.

Прочитај повеќе

ЗАВРШИ СЕДМИОТ НАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС ВО СРБИЈА: ИСТОРИЈАТ НА СЕСТРИНСТВОТО

Изминатиот викенд, во периодот од 21ви до 23ти септември 2023 година се одржа седмиот национален Конгрес со меѓународно учество во Република Србија. Настанот се одржа во Белград во организација на Здружението на медицински сестри и техничари „Сестринство“.

Прочитај повеќе