КОИ СМЕ НИЕ

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ официјално се оформи на 12-ти мај 2017-та година во големата кино сала на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ - Скопје.
Главната интенција на здружението е конечно во Република С. Македонија да се вреднуваат вистинските вредности на сестринството со една единствена цел, сплотување на сите здруженија во една комора, која ќе биде правен субјект и ќе ги застапува правата и должностите на сестринската професија, и ќе ги иплементира во здравствената политика.
„Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“ е слоганот на ЗМСТАС – ЗА НАС, со кој се поканува целата сестринската фела од нашата земја, вклучително и останатите добронамерници да пристапат кон здружението и да ја дадат својата поддршка.
Истата година на 18.07.2017-та година се одржа состанок на здруженијата на медицински сестри, техничари и акушерки. Присутните, меѓу кои беа и преставници од здруженијата „Славјанка Влахчева“ - приватен сектор; „Флоренс Најтингејл“ - Тетово; Сојуз на здравствени работници - Тетово; Здружение на КЗРМ; преставници на акушерките од Специјалната болница - Чаир; Здружение на медицински сестри и лаборанти - Гостивар и сите координатори - членови на здружението „За нас“... на состанокот донесоа одлука за формирање на УНИЈА НА ЗМСТАС.
За претседател на Унијата беше предложена и едногласно изгласана м-р Горданка Бешлиовска, која воедно е и претседател на ЗМСТАС - ЗА НАС и главен иницијатор за формирањето на Унијата како појдовен чекор до крајната цел - формирање на комора.

ИМПРЕСИУМ

Претседател на Унијата на здруженија
предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС

Гордана Бешлиовска

Членови на Унијата:
ЗМСТАС – ЗА НАС (Гордана Бешлиовска)
ЗМСТА – Славјанка Влахчева (Ирена Нечовска)
ЗМСТЛА - Тетово (Наџије Фетаи)
ЗМСТАЛА - Гостивар (Џеват Салија)
ЗМСТА – Гостивар (Ивица Билбиловски)
СМТЛ - Тетово (Тони Јакимовски)
МА СТЕРИЛ ДЕЗ (Роза Рулеска Пиличева) 

Извршен одбор на ЗМСТАС – ЗА НАС:
Гордана Бешлиовска
Јулијана Маџовска
Данка Димитровска
Ленче Донева
Благородна Мартиновска Ѓорѓиева
Илија Милошевски

Односи со јавност и комуникација со медиуми:
Даниел Стојмановски