Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“ на 27-та синдикална школа со јасна порака за достоинство и колективно уредување

Во рамките на 27-та синдикална школа, Унијата на Здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од ЗМСТАС „За Нас“, беше дел од овој значаен собир на кој беше истакната улогата и важноста на сестринството како повик и професија од суштинско значење за здравствениот систем.

М-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и на ЗМСТАС „За Нас“, во својата изјава нагласи дека сестринството мора да се препознае како стратешка професија со јасно дефинирани услови за работа, кариерен развој и достоинствено вреднување. Таа изрази благодарност до Министерството за здравство за чекорите кон подобрување на состојбата, но потенцира дека е неопходно понатамошно, системско уредување преку колективни договори.

„Задоволни медицински сестри значат и задоволни пациенти. Нашата борба не запира тука – ќе продолжиме со барањата за колективно уредување и создавање здрава работна средина во која сестрите ќе бидат препознаени, вреднувани и праведно платени според својата одговорност,“ истакна Бешлиовска.

Настанот ја потврди заложбата на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“ да продолжат со активно застапување на правата на медицинските сестри и унапредување на професионалниот статус на сите здравствени работници.

Пребарување

Категории

Актуелно

Втор Конгрес на здравствени работници во Лозница
11.11.2025
М-р Гордана Бешлиовска имаше поздравно обраќање и одржа предавање на тема „Современ пристап во организацијата на работата на здравствените работници – медицинските сестри“, при што ги истакна современите модели на организација, потребата од континуиран професионален развој и значењето на тимската работа во обезбедувањето квалитетна здравствена нега
Види детали

Тагови

Архива на вести