ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ТРЕТИОТ MEЃУНАРОДЕН КОНГРЕС

Почитувани членови и соработници,
Здружението на медицински сестри, техничари,
акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“
ве повикува да бидете дел од 
ТРЕТИОТ КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО 
на тема: „АВТОНОМИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО, СЕГА И ВО ИДНИНА“.

Третиот Конгрес на медицинските сестри ќе се одржи во периодот 
од 4ти до 6ти октомври 2024 година,
во хотел Дрим - Струга, С. Македонија. 


Конгресот во форма на округли маси, плeнарни предавања и стручни соопштенија ќе го прикаже значењето на тимската работа и пристапувањето кон било кој проблем, како и имплементацијата на новите достигнувања и унапредени вештини, со преглед на сите проблеми и околности кои сме ги надминале за унапредување на нашата работа.

Со стручните теми, едукации и активности ќе се стремиме преку размена на искуствата 
во теорија и пракса да го подобриме квалитетот на здравствена нега.

 
***
 

За да учествувате со тема на Конгресот,
потребно е да ни испратите апстракт од истата до 250 зборови 
на нашата електронска адреса (aplikacija@zanas.mk) 
заедно со уредно пополнетата 
Апликација (кликнете)
најдоцна до 15ти јули 2024 година.


 

ВАЖНИ ДАТУМИ:

15.07.2024

Краен рок за поднесување на Апстракт

15.08.2024
Известување за прифатена тема

01.09.2024
Второ читање

15.09.2024
Објава на Програмата на Конгресот

Пребарување

Категории

Актуелно

Тагови

Архива на вести