5 МАЈ - ДЕН НА АКУШЕРКИТЕ: ЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО

Како и секоја година, традиционално, чествувањето на Меѓународната недела на сестринството започнува на 5ти мај - Денот на акушерките. Оваа година големиот настан посветен на акушерките Унијата на ЗМСТАС го организираше во ПЗУ “Плодност“ во Битола, каде присуствуваа голем дел од членството од целата земја.
 

Во македонското здравство недостигаат двојно повеќе медицински сестри од бројката која е досега работно ангажирана, има голем одлив во странство, а и понатаму професијата не е законски регулирана. Особен недостиг се чувства кај акушерките чие образование исчезна од средните училишта, освен во албанските паралелки на Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје. Акушерки сега се едуцираат само во првиот циклус на студии на високите медицински школи и се дефицитарен кадар.

Ова беа само дел од проблемите истакнати на Светскиот ден на акушерките и Светската недела на сестринството, одбележани во Битола во присуство на голем број медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри од државни и приватни здравствени установи во Македонија.

„Нашата стратегија е да се вратат акушерките во образованието. Инвестицијата во образованието на акушерките е многу важна. Тоа е пораката во оваа Недела на сестринството до нашите власти, за нашиот образовен процес, ќе мора сериозно да правиме програми не само за акушерките туку и за сите медицинските сестри“, рече Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата на здруженијата на медицински сестри со над 5.000 членови.




Големата прослава во чест на сестринската професија ќе се одржи на 12 мај во Градскиот парк во Скопје (Школка) со почеток од 13 часот.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА 4. МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ „СО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ВЛИЈАНИЕ – МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ДВИГАТЕЛИ ЗА ПРОМЕНИ!“
04.6.2025
Со голема чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на Четвртиот меѓународен конгрес на медицински сестри кој традиционално ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 година во хотел „Дрим“ во Струга. Годинешното мото на конгресот е „Со образование до влијание. Медицинските сестри – двигатели за промени!“, тема која го отсликува значењето на конт
Види детали

Тагови

Архива на вести