Актуелно

💙 СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ: “Здраво живеење и Дијабетес“

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се приклучува кон чествувањето на Светскиот ден на дијабетесот и изразува несебична поддршка кон пациентите и сестрите кои секојдневно се соочуваат со овој предизвик. 
 

Меѓународната федерација за дијабетесот (ИДФ) и Светската здравствена организација (СЗО) вo 1991г. за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски ден на дијабетесот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетесот, честа болест, чиј број на заболени денес изнесува 382 милиони лица ширум светот, со тенденција за пораст во наредните две децении кога, според статистиката би достигнала до 592 милиони.

Во 1920 година Frederick Banting и Charles Best со своето револуционерно откритие на инсулинот ја променија прогнозата на оваа дотогаш смртоносна болест. Во таа чест, роденденот на Frederick Banting, 14 Ноември е официjално прифатен за ден на дијабетесот. Знакот на едноставен син круг бил усвоен од Здружението за дијабетес како официјално лого на светскиот ден на дијабетесот. Кругот симболизира живот и здравје, а сината боја го симболизира небото кое ги обединува сите луѓе на светот и воедно е бојата на знамето на ООН.

 

Што е дијабетесот?

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува. Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови.

Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Тип 1 дијабетес

Тип 1 дијабетес (претходно познат како инсулин зависен, јувенилен или детски дијабетес) се карактеризира со недоволно производство на инсулин и се јавува потреба од примање на инсулин. Причината за појава на Тип 1 дијабетес не е позната и овој тип на дијабетес не може да се превенира со сегашните знаења за дијабетесот.

Симптомите на Тип 1 дијабетес се: прекумерно излачување на урина (polyuria), жед (polydipsia), постојано чувство на глад, губење на телесна тежина, промени со видот и чувство на замор. Овие симптоми можат да започнат ненадејно.

 

Тип 2 дијабетес

Тип 2 дијабетес (наречен инсулин независен дијабетес или дијабетес кај возрасни) се јавува кога произведениот инсулин е неефикасен. 90% од заболените од дијабетес во светот имаат Тип 2 дијабетес и во најголем дел е резултат на прекумерна телесна тежина и физичка неактивност (5). Симптомите може да бидат слични на оние од Тип 1 дијабетес, но често помалку забележливи. Како резултат на тоа болеста може да биде дијагностицирана неколку години по започнувањето, кога веќе компликациите се појавиле. До неодамна овој тип на дијабетес се среќаваше само кај возрасни, но сега може да се сретне и кај децата.

Гестациски дијабетес

Гестацискиот дијабетес е хипергликемија која првпат се јавува за време на бременоста. Симптомите на гестацискиот дијабетес се слични на дијабетесот тип 2.

Кои се најчестите последици од дијабетес?

Со текот на времето, дијабетес може да биде причина за оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите.

  • Кај лицата заболени од дијабетес се зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. 50% од луѓето со шеќерна болест умираат примарно од срцеви заболувања и мозочен удар (6).
  • Во комбинација со намален проток на крв, невропатија (оштетување на нервите) во нозете се зголемува шансата за улкус на нозе, инфекции и евентуална потреба од ампутација на екстремитетите.
  • Дијабетична ретинопатија е важна причина за слепило, а се јавува како резултат на долгорочно акумулирано оштетување на малите крвни садови во ретината. Еден процент од глобалнато слепило може да се припише на дијабетесот (7).
  • Дијабетесот е една од водечките причини за заболување на бубрезите (4).
  • Вкупниот ризик за смрт кај луѓето со дијабетес е барем двојно повисок од ризикот кај нивните врсници без дијабетес (8).

Како може да се намали оптоварувањето од дијабетесот?

Превенција

Се покажа дека едноставни мерки преземени во текот на животот може да бидат ефикасни во спречување или одложување на почетокот на дијабетес тип 2. За да се спречи дијабетес тип 2 и компликациите предизвикани од него потребно е:

  • постигнување и одржување на здрава телесна тежина;
  • физичка активност со умерен интензитет најмалку 30 минути дневно.
  • консумирање три до пет порции дневно овошје и зеленчук и да се намали внесот на шеќери и заситени масти;
  • да се избегнува употребата на тутун – пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

💙 СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ: “Здраво живеење и Дијабетес“
14.11.2021
Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се приклучува кон чествувањето на Светскиот ден на дијабетесот и изразува несебична поддршка кон пациентите и сестрите кои секојдневно се соочуваат со овој предизвик.
Види детали

Тагови

Архива на вести